КАНЈЕ ВЕСТ ПРИЗНА ДЕКА БИЛ ЗАВИСЕН ОД ПОРНОГРАФИЈА Тоа му го уништило семејството
„Порнографијата ми го уништи семејството, се борам со зависноста, а Инстаграм ја промовира. Нема да дозволам тоа да им се случи на Норт и Чикаго“, рекол раперот.
Канје Вест неодамна го коментирал видеото на Инстаграм на Викторија Виљароел, инфлуенсерка и поранешна лична асистентка на Кајли Џенер, а во коментарот признал дека е зависен од порнографија.
„Не дозволувај Крис да те натера да се фотографираш за „Плејбој“ како што правеше со Кајли и Ким“, ја предупредил Вест.
Раперот мислел на Крис Џенер, која е и менаџер на нејзините деца. Ким Кардашијан позираше за „Плејбој“ во 2007 година, додека Кајли Џенер се појави на насловната страница на списанието во 2019 година.
View this post on Instagram
Тој исто така додаде дека нема да дозволи тоа да им се случи на неговите ќерки: „Холивуд е еден џиновски бордел. Порнографијата ми го уништи семејството, се борам со зависноста, а Инстаграм ја промовира. Нема да дозволам тоа да им се случи на Норт и Чикаго“.
Можеби ова е уште еден од невообичаените начини на Канје да се обиде да се зближи со поранешната сопруга. Откако Ким раскина со Пит Дејвидсон пред еден месец, извор близок до раперот изјавил дека Канје сака да ја убеди да се откаже од разводот.
„Ова раскинување е поттик за Канје да се потруди повеќе и да ја врати Ким и да ја натера да се повлече од нивниот развод. Тој ѝ кажуваше со месеци дека таа и Пит не требаше да бидат заедно. Иако Канје не беше најголемиот обожавател на Пит, во последните недели тој е фокусиран на тоа да ѝ покаже на Ким дека се блиско семејство“, изјавил извор за „Сан“.
ФОТО: Инстаграм