📷 КАНЈЕ ВЕСТ ПОВТОРНО ШОКИРА „Моите деца се во синџир на трговија со секс, вклучена е и Ким Кардашијан“
Контроверзниот рапер и дизајнер Канје Вест имаше уште еден испад на Твитер, овој пат во кој беа вклучени Џеј Зи и Бијонсе, па дури и ги навредуваше нивните деца.
Контроверзниот рапер и дизајнер Канје Вест имаше уште еден испад на Твитер, овој пат во кој беа вклучени Џеј Зи и Бијонсе, па дури и ги навредуваше нивните деца.
Во објавите ги вклучи и сопствените деца, а неговите шокантни тврдења се споделуваат на интернет.
По серијата нови антисемитски коментари на Твитер што ги објави во средата, Канје повторно го сврте вниманието кон раперот Џеј Зи и неговата сопруга, пејачката Бијонсе.
Вест претходно ги доведе во прашање менталните способности на седумгодишните близнаци на Бијонсе и Џеј Зи во вознемирувачка објава на Твитер. Иако ја избриша објавата, повторно ја сподели.
Канје се осврна и на критиките на Џеј Зи за него за поддршката на Доналд Трамп, како и на фактот дека тој и Бијонсе не присуствуваа на неговата венчавка со Ким Кардашијан во 2014 година.
Канје има долга историја со Џеј Зи, кој беше негов ментор на почетокот на неговата кариера. Нивното запознавање датира од 2000 година, кога Вест продуцираше песни за „Roc-A-Fella Records“, кооснована од Џеј Зи. Вест дури ја напиша песната „Big brother“ во 2007 година како ода на нивното пријателство. Меѓутоа, меѓу раперите се појави несогласување откако Џеј Зи и Бијонсе не присуствуваа на свадбата на Вест со Кардашијан во 2014 година.
Во дополнителните објави објавени во средата, Канје исто така даде контроверзни тврдења за својата поранешна сопруга Ким Кардашијан и за нејзиното семејство.
„100 отсто сум убеден дека моите деца се во синџир на сексуална трговија“, напиша тој на Твитер по неговиот испад против Џеј Зи и Бијонсе.
Тој исто така тврдеше дека Ким Кардашијан и целото нејзино семејство биле вмешани во сексуална трговија и ја обвини Крис Џенер (инаку, мајка на Ким) дека тоа и го „потпишала“.