КАНЈЕ ВЕСТ ПОВТОРНО ГО ПРОМЕНИ ИМЕТО Што мислите, како се вика сега?

Контроверзниот рапер и дизајнер Канје Вест повторно го смени своето име, по вторпат, во последните неколку години.

444

Контроверзниот рапер и дизајнер Канје Вест повторно го смени своето име, по вторпат, во последните неколку години.

Во 2021 година, 48-годишниот рапер го промени своето име во „Је Вест“ (Ye West) откако поднесе тужба во Лос Анџелес.






Според британски „Сан“, сега, според правните документи поднесени од неговиот финансиски директор Хусеин Лалани пред судот во Калифорнија, Вест го сменил своето име во „Је Је“ (Ye Ye).

Веста беше протечена кога неговите матични компании поднесоа „информативни изјави“ до државниот секретар на Калифорнија, кој е одговорен за ажурирање на најновите информации за компаниите, како што се деловни адреси, вработени, директори и тип на индустрија.

Една од неговите матични компании, Ox Paha Inc, која поднела стотици апликации за заштитен знак за името Је, сега го нарекува „Је Је“ во официјалните документи.

Неговиот бренд за облека Yeezy Apparel и продукциските компании Yeezy Record Label LLC и Getting Out Our Dreams Inc, исто така, го направија истото.

Но, интересно е што Вест сè уште јавно не објави информација за новото име.

Инаку, Канје Вест неодамна се налути што го нарекуваат по неговото родено име. Тој го напушти шоуто на Пирс Морган бидејќи водителот се „oсмели“ да го нарече Канје.

Поврзани содржини