КАНЈЕ ВЕСТ ПОВТОРНО ЌЕ СЕ КАНДИДИРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД Раперот мисли дека Бјанка би била совршена прва дама

Канје беше во претседателската трка во 2020 година и се чини дека ќе се обиде повторно следната година.

1,344

Американските медиуми пренесуваат дека раперот и дизајнер Канје Вест сака повторно да се кандидира за претседател на Соединетите Американски Држави. Канје беше во претседателската трка во 2020 година и се чини дека ќе се обиде повторно следната година. Како што пишува „Ју Ес сан“, Канје и предал голем дел од обврските од претседателската кампања на својата нова сопруга Бјанка Ценсори.

„И покрај тоа што не беше многу успешен минатиот пат, тој направи пауза од јавното појавување и сега му оди многу подобро откако кога неговиот развод со Ким Кардашијан беше финализиран. Тој верува дека е следниот претседател затоа што Бог го испратил да биде пловило за премостување на слободата, еднаквоста, здравиот живот и економскиот раст за сите генерации.






За разлика од неговата последна кампања, оваа е структурирана и ќе биде добро изведена во наредните месеци. Тој верува дека може да дојде до потребните гласачи за да ги обезбеди изборите во 2024 година“, вели изворот за споменатиот медиум.

„Тој мисли дека Бјанка би била совршена прва дама, неортодоксна, интелигентна и би го поддржала“, додал изворот.

Уште во мај, контроверзниот британски десничарски политички коментатор Мило Јанопулос објави дека тој е новиот директор за политички операции за Канје.

„Тој и Мило се уште се блиски, и знам дека ги прегледуваа логоата за кампањата и почнаа да планираат“, рекол изворот.

Инаку, Бјанка неодамна се соочи со критики во Италија поради нејзината оскудна облека.

 

Поврзани содржини