КАНЈЕ ВЕСТ ОТКРИ ДЕКА ДОБИЛ НОВА ДИЈАГНОЗА „Откриен ми е аутизам“
Раперот Канје Вест откри во текот на интервјуто со Џастин Лабој на поткастот „The Download“ дека му бил дијагностициран аутизам.
Раперот Канје Вест откри во текот на интервјуто со Џастин Лабој на поткастот „The Download“ дека му бил дијагностициран аутизам.
Раперот рече дека претходно му било дијагностицирано биполарно нарушување, но дека неговата 30-годишна сопруга Бјанка Ценсори се сомневала дека тоа е вистина и го охрабрила да побара второ мислење.
„Ми рече дека не мисли дека сум биполарен и ме наговори да одам на лекар. Се испостави дека имам аутизам“, изјави 47-годишниот рапер.
Тој вели дека сега подобро го разбира своето однесување. Тој се присетил на 2018 година, кога носел капа со зборовите „Направете ја Америка повторно голема“ (Make America Great Again) и јавно го поддржа Доналд Трамп.
– Ја носев таа капа затоа што генерално ми се допаѓа Трамп. А кога луѓето ми велеа да не го правам тоа, јас само уште повеќе се држев до таа одлука. Тоа е мој проблем – рекол тој.
Канје вели дека има слична реакција кога фановите му предлагаат да издаде нов албум. Канје вели дека секогаш го прави спротивното и дека е многу тврдоглав.
„Многу ми е тешко бидејќи како возрасен ми беше дијагностициран аутизам. Не можам да ја контролирам својата банкарска сметка и она што го пишувам на Твитер“, додал тој.
Инаку, Ким Кардашијан, поранешната сопруга на Вест, еднаш изјави дека има потешкотии да се справи со проблемите со менталното здравје на раперот.
„Оние кои разбираат ментална болест или дури и компулсивно однесување знаат дека семејството е немоќно освен ако неговиот член е малолетник. Луѓето кои не се свесни или далеку од ова искуство може да бидат осудувачки и да не разбираат дека самата личност мора да биде вклучена во процесот на добивање помош“, изјавила тогаш таа.