КАНЈЕ ВЕСТ ОСОМНИЧЕН ЗА НАПАД ВРЗ ОБОЖАВАТЕЛ Со тупаница го соборил на земја (ВИДЕО)

Раперот, наводно, излегол од своето возило, па прво го буткал, а потоа и го удрил обожавателот, после што врескал среде улица.

1,202

Контроверзниот рапер Канје Вест (44) не престанува да ги полни медиумите со својот лик и дело.

Канје, кој неодамна законски го промени своето име во Је, е именуван како осомничен во истрага за наводен физички напад.






Американскиот портал ТМЗ прв ја пренесе оваа вест, повикувајќи се на полициски извори кои велат дека инцидентот се истражува како прекршок, за кој е предвидена затворска казна од 6 месеци.

Музичарот наводно удрил обожавател пред складиштето Сохо во Лос Анџелес во раните утрински часови во четвртокот, 13 јануари.

Канје се скарал пред ноќен клуб со дозволен пристап само за членови, откако еден обожавател му побарал автограм.

Извор за „Фокс 11“ тврди дека Канје седел во својот автомобил кога му пришол непознат човек. Раперот, наводно, излегол од своето возило, па прво го буткал, а потоа и го удрил обожавателот, после што врескал среде улица. Канје со тупаница го соборил на земја.

Полицијата потоа била повикана на местото на настанот, но Канје во меѓувреме заминал.

Некои медиуми пренесоа дека обожавателот – кој одбил медицинска помош – ја снимил расправијата на својот телефон. Сепак, полицијата допрва треба да разговара со Канје.

Исто така, американските медиуми објави и скришно снимено видео од Канје, за кое велат дека „снимено некаде помеѓу средата вечер и четвртокот наутро“, во кое јасно се слуша огорчениот Канје како вика: „Дали го рековте тоа или не?“

 

Порано во текот на вечерта, Канје се забавувал во клубот со својата нова девојка, актерката Џулија Фокс, а по инцидентот, бил сам во возилото.

Канје неодамна започна врска со Џулија Фокс, по разводот од Ким Кардашијан Вест лани.

Поврзани содржини