📷 КАНЈЕ ВЕСТ И БЈАНКА НОСАТ КАБАНИЦИ КАКО ОД ЈУГОСЛАВИЈА Сопругата на раперот со голи гради под проѕирниот мантил за дожд

Канје Вест (46) и неговата нова сопруга, младата архитектка Бјанка Ценсори (29) се појавија во бизарни стајлинзи, а ова издание на славната двојка го потсети босанскиот моден дизајнер на производ на „Југопластика“.

2,223

Канје Вест (46) и неговата нова сопруга, младата архитектка Бјанка Ценсори (29) се појавија во бизарни стајлинзи, а ова издание на славната двојка го потсети босанскиот моден дизајнер на производ на „Југопластика“.

Раперот и неговата сопруга се фотографирани додека се шетаат низ гаражата во трговскиот центар „Сентари сити“ во Лос Анџелес облечени во долги пластични мантили и покрај времето без дожд.






Бјанка се чини дека не носи ништо освен долна облека под него, што не е изненадувачки со оглед на нејзините претходни модни изданија. Со мантилот облекла и црни чизми со високи потпетици.

За разлика од сопругата, Канје под мантилот за дожд имал црна широка тренирка, а на нозете носел црни чизми од модниот бренд „Баленсијага“.

 

Овој производ го потсетил босанскиот моден дизајнер Марко Фехер на производот на „Југопластика“ и рекламата од 1970 година.

Имено, тој во својата инстаграм-приказна сподели фотографија од Канје и Бјанка заедно со фотографија од реклама за кабаница на „Југопластика“ од 1970 година.

„Кање и Бјанка во 2024 година и Југославија во 1970 година“, напиша Марко и се пошегува: „Ние бевме првите што го направивме ова, како и сè друго“, објави босанскиот портал „Кликс“.

 

 

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини