Канје Вест гласаше за себе на претседателските избори во САД

1,194

Раперот Канје Вест во вторникот гласаше за себе на изборите во САД.

По долгата кампања обележана со непостојани изјави и шпекулации дека може да присвои неколку гласови на црнци од демократот Џо Бајден, Канје Вест, за разлика од Трамп во 2016 година, остана само забава на американските граѓани.






Пејачот и моден дизајнер на социјалните мрежи објави дека „за првпат во животот гласал за претседател на САД, за некој во кој навистина верува… за себе“.

Подоцна тој објави видео во кое гласа во државата Вајоминг.

Вест вложи свои 6,7 милиони долари во кампањата, а во која се посвети на промовирање на религијата и семејните вредности.

Познатата сопруга на Вест, Ким Кардашијан, изгледа не ја поддржа неговата кампања. Таа не му даде никаква јавна поддршка на сопругот, а во вторникот ја поддржа кандидатката за демократската потпретседателска кандидатка Камала Харис.

Вест, некогаш еден од најголемите поддржувачи на Трамп, ја започна својата кампања за Белата куќа во јули со загрижувачки изјави што предизвикаа загриженост за неговото ментално здравје.

Двократниот добитник на „Греми“ награда во 2018 година рече дека страда од биполарно растројство.

 

 

Поврзани содржини