Канје Вест ја изневерил Ким Кардашијан со познат јутјубер? ФОТО

6,676

Теоријата што сугерира дека контроверзниот рапер можеби ја изневерил Ким Кардашијан со Џефри Стар – без докази – стана вирална и се прошири на Интернет.

Гласините ги започна корисничката на ТикТок, Ава Луиз, која претходно се прослави со песната „Skinny Legend Anthem“, како и со видеозапис во кој таа лиже седиште во тоалетот во „предизвикот со коронавирусот“.






Во видеото на ТикТок, Луиз покажува статија од таблоидот „Пејџ сикс“, кој во вторникот објави дека Ким и Канје наскоро се разведуваат. Старлетата наводно ја ангажирала адвокатката Лаура Васер, а изворот тврди дека Ким го натерала Канје да замине во Вајоминг.

Еден корисник на социјалните мрежи всушност го прашал Џефри Стар што мисли за овие пикантерии, но тој само се насмеал и го поканил да дојде во Вајоминг, каде што се наоѓа во моментот.

Да потсетиме, Канје Вест моментално е во Вајоминг, на неговиот ранч.

Како одговор на веста, Луиз рече дека има озборувања за Вест со месеци, а разводот „не изненадува“ затоа што „Канје се поврзува со многу познат гуру за убавина – машки гуру за убавина“.

– Многу луѓе од сцената знаат веќе некое време за нив – рекол Луиз во видеото. Особено и се допаднаа коментарите во кои се прашуваше дали станува збор за Џефри Стар, а во продолжение на видеото на ТикТок, таа исто така тврди дека нејзиниот пријател, кој е адвокат на позната личност во Лас Вегас, ја запознал Ким за случајот пред неколку месеци и дека таа „добила докази“ за поврзаноста на Канје со Стар.

На гласините им се придружи и самиот Џефри Стар, кој синоќа на Твитер објави фотографија со провокативен опис – „Одам на неделна лигурија“, алудирајќи на побожната страна на Канје и на фактот дека во текот на 2020 година, раперот постојано зборуваше за неделните литургии/миси.

 

FOTO: EPA

FOTO: Tviter

Поврзани содржини