Ларса Пипен, поранешна најдобра пријателка на Ким Кардашијан, тврди дека Канје Вест ѝ го испрал мозокот на сопругата, но и на остатокот од семејството.
Ларса тврди дека не сторила ништо што би предизвикало расправија со Ким и дека Канје ја свртел поранешната пријателка против неа кога го блокирала неговиот бројот за да не ѝ се јавува секое утро.
Таа додала дека Канје ѝ се јавувал во четири, пет, шест наутро и таа му кревала слушалка.
– Го слушав. Му зборував дека го сакам, дека е најдобар, дека работите ќе се подобруваат. Јас бев личноста на која ѝ ѕвонеше кога не беше среќен поради X, Y, Z. И што се случи? Можеби сето тоа се случи затоа што го блокирав, не можев повеќе да разговарам со него. Не можев, тој ме исцрпи. Го блокирав. Очигледно, тоа го вознемири. Тогаш почна да зборува против мене. Сите тргнаа по него. Ако така лесно се подведувате, тогаш баш ми е гајле за вас – рекла таа.
Ларса додала дека била повредена, особено бидејќи верува дека за ништо не е виновна.
– Јас бев нивна искрен анајдобра пријателка – додала таа.
Ларса истакнала дека сфаќа дека Ким го сторила она што сметала дека е најдобро за нејзиното семејство и односот со нејзиниот сопруг.
– Те сакам, ние бевме најдобри пријателки, поминавме низ сè заедно. Никогаш не би направила нешто што би го загрозил нашиот однос, бидејќи бевме како сестри, како семејство. Но, ако мораш да ме избришеш од социјалните мрежи за дома да ти биде подобро, во ред. Ако Канје мисли дека на Ким ѝ е подобро без мене, тогаш нека биде без мене. Сè е во ред, дали изгледам дека страдам, како да чувствувам болка? Добро сум, ќе преживеам. Дали ме болеше? Да. Но, дали имам доволно љубов на друго место? Имам. И ова ќе помине – продолжила таа.
Ларса исто така открила и дека била во врска со кошаркарот Тристан Томпсон пред тој да започне врска со Клои и дека таа го запознала со семејството Кардашијан.
– Јас на некој начин се гледав со него пред Клои. Пред таа или кој било од нив да знае дека тој постои. Дојде во Лос Анџелес заради мене, го донесов на забавата кај Ким. Јас ги запознав. Една недела или десет дена подоцна тој почна да се гледа со Клои. Во ред е, не ми е гајле. Јас не го бркам она што не е за мене – рекла таа.
Ларса ги отфрлува обвинувањата дека го заведувала Тревис Скот, поранешниот партнер на Кајли Џенер, најмалата сестра од кланот Кардашијан-Џенер, обвинувајќи го дека го измислил тоа.
Инаку, Ларса е поранешна сопруга на славниот кошаркар Скоти Пипен.
FOTO: Инстаграм