КАНЈЕ ЈАВНО ЈА ПОВИКА КИМ ДА МУ СЕ ВРАТИ Старлетата му возврати со непријатно изненадување
Раперот веќе неколкупати јавно изјави дека би сакал да ја обнови љубовта со Кардашијан, а на еден од последните концерти тоа го направи повторно и ја повика да му се врати.
Приказната за смирувањето на најпознатиот пар во светот на шоубиз раперот Канје Вест и ријалити ѕвездата Ким Кардашијан не стивнува.
Имено, тој веќе неколкупати јавно изјави дека би сакал да ја обнови љубовта со Кардашијан, а на еден од последните концерти тоа го направи повторно и ја повика да му се врати.
Ким била во публика на хуманитарниот концерт кој го одржале Канје и раперот Дрејк, а Вест поради неа го сменил текстот на песната „Runaway“ па така ѝ порачал дека сѝ уште има чувства кон неа.
„Сакам да побегнеш назад кон мене, токму ти Кимберли“, изговорил Канје, а хаштагот #kimberly во моментов е еден од најпопуларните на социјалните мрежи.
Како и секогаш, мислењата се поделени. Додека некои со нетрпение го очекуваат нивното помирување, други сметаат дека овој гест никако не треба да ја поклеба Ким.
– Ким, немој случајно да „паднеш“ на тоа, „Runaway“ воопшто не е напишано за тебе – напишала една корисничка на Твитер, алудирајќи на тоа дека песната е напишана за поранешната девојка на Канје, старлетата Амбер Роуз.
Според пишувањата на странските медиуми, само неколку часа по концертот, Ким поднела барање за легална разделба, според кое таа и понатаму би била во брак со раперот, но законски би живеела одвоено од него. Доколку судот тоа одобри, прашањето за старателството и заедничкиот имот би се одвоило од нивниот брачен статус. Како што понатаму се наведува, таа поднела барање за отстранување на презимето Вест од нејзиното име, ишува ТМЗ.