КАМПАЊА „ПАРКИРАЈ СОВЕСНО И ОДГОВОРНО“ Време е за подигнување на јавната свест за одговорно учество во сообраќајот
Зголемениот број на жители во населените места и модерните навики на луѓето за почесто користење на индивидуално моторно возило наместо јавен превоз или разни форми на одржлива мобилност (пешачење, возење велосипед и сл.), велат од РСБСП.
Потребата за паркинг места е сѐ поистакната заради континуираниот пораст на бројот на моторни возила во РСМС, зголемениот број на жители во населените места и модерните навики на луѓето за почесто користење на индивидуално моторно возило наместо јавен превоз или разни форми на одржлива мобилност (пешачење, возење велосипед и сл.).
Ова во писмено соопштение, денеска го наведе Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, од каде посочуваат дека кога паркирањето не е регулирано, може да предизвика низа неповолности за возачите.
– зголемен стрес кај возачите,
– продолжено време за пристигнување на посакуваната дестинација,
– зголемени трошоци,
– нарушување на просторот наменет за пешаци,
– узурпирање на зелени површини,
– запирање и паркирање на места наменети за инвалидизирани лица,
– повреди на законските регулативи,
– можни казни за возачите и сл.
Заради унапредување на состојбата со паркирањето и зголемување на безбедноста на сообраќајот, РСБСП повикува:
– паркирајте го возилото на места означени за тоа,
– не користете мобилен телефон додека паркирате,
– во паркинг просторот возете забавено и внимавајте на другите возила и пешаците,
– внимавајте на сообраќајните знаци кои се однесуваат на паркирањето,
– не паркирајте на места обележани за паркирање на возила на лица со попреченост,
– не паркирајте преку обележаните ленти за паркирање – почитувајте го просторот за секое возило, и др.
РСБСП упатува апел: „ПАРКИРАЈТЕ СОВЕСНО И ОДГОВОРНО“ заради унапредување на вашата и безбедноста на другите учесници во сообраќајот на патиштата.