КАМПАЊА НА ВМРО-НП ЗА ОДБРАНА НА МАКЕДОНСКАТА ПЕСНА Партијата на Љубчо Георгиевски се секира за македонскиот идентитет загрозен од екс-ју музиката
Целта на кампањата е „да ги разбуди македонските елити кои се чувствуваат одговорни за македонскиот народ и конечно да направат нешто конкретно за спас на македонската песна односно симболот на македонскиот национален идентитет“, се вели во соопштението на ВМРО-НП.
ВМРО-Народна партија објави дека е загрижена од процесот на „комплетна културна доминација на поранешниот југословенски простор, а особено за комплетното истиснување и елиминирање на македонската песна како еден од главните симболи на идентитетот на секој народ“, наведено е во партиското соопштение.
ВМРО-Народна партија отпочнува со кампања „Слушај македонска музика – Одбрани го македонскиот идентитет“, за да ги разбуди македонските елити кои се чувствуваат одговорни за македонскиот народ и конечно да направат нешто конкретно за спас на македонската песна односно симболот на македонскиот национален идентитет, се вели во соопштението.