КАМП ЗА РОБОТИКА, ПРОГРАМИРАЊЕ И ЗА КОДИРАЊЕ ВО ОХРИД Во организација на Македонија2025 дружат и учат деца од Македонија и од дијаспората

На 18 јули ќе се одржи официјална церемонија на доделување сертификати, на која учесниците ќе ги презентираат своите проекти, а сертификатите ќе ги врачи лично претседателката Сиљановска-Давкова.

55

 

Денеска во Охрид официјално започна Охрид кампот за високотехнолошка извонредност 2025, во организација на Македонија2025, под покровителство на претседателката проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова.






Во рамки на ова петто издание на кампот, учествуваат над 22 деца на возраст од 11 до 15 години, од кои дел се млади од Македонија, а дел се деца од македонската дијаспора – САД, Канада, Малта, Хрватска, Словенија и од Франција. Посебно е значајно што дел од децата доаѓаат од социјално ранливи семејства, за кои учеството е обезбедено преку целосни стипендии.

Кампот има за цел преку интензивна еднонеделна програма да им овозможи на младите учесници да ги развиваат своите вештини во роботика, програмирање, кодирање и креативно размислување, но и да се поврзат со своите корени, културата и природната убавина на Македонија.

Програмата вклучува работилници со сертифицирани СТЕМ едукатори и ментори од реномирани партнери, како и посети на технолошки компании, креативни сесии, културни настани и спортски активности. Посебен фокус се става на интеркултурна размена, тимска соработка и градење на лидерски и социјални вештини.

На 18 јули ќе се одржи официјална церемонија на доделување сертификати, на која учесниците ќе ги презентираат своите проекти, а сертификатите ќе ги врачи лично претседателката Сиљановска-Давкова.

Македонија2025 изразува благодарност до сите програмски партнери: Young Engineers Macedonia, Academy for Robotics and Innovation, СТЕМ роботика Кочани, Браинстер и iSource, како и Охридско лето, кој е нивен партнер во промоција на македонската култура и традиција.

Во рамки на кампот ќе бидат доделени и стипендии од национално ниво од Академијата за роботика и иновации и СТЕМ роботика Кочани, како и признанија за учество и извонредност на симулациите од FIRST LEGO League натпреварите.

Поврзани содржини