КАМИОНЕТ УДРИ ВО ДВЕ ПЕНЗИОНЕРКИ ВО СКОПЈЕ Жените добиле тешки повреди
Според полицискиот извештај, товарно моторно возило „фиат добло карго“ со скопски регистарски ознаки управувано од Т.С.(48) од Скопје удрило во Н.М.(88) и Р.П.(88), двете од Скопје.
Две 88-годишни жени синоќа се прегазени на улицата Томе Арсовски во Скопје, соопшти МВР.
Според полицискиот извештај, товарно моторно возило „фиат добло карго“ со скопски регистарски ознаки управувано од Т.С.(48) од Скопје синоќа околу 19 часот удрило во Н.М.(88) и Р.П.(88), двете од Скопје.
Двете се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8-ми Септември“.
Извршен бил увид од увидна полициска екипа.