КАМИОН УДРИЛ ВО СТОЛБ И СЕ ПРЕВРТЕЛ Прекин на сообраќајот кон граничниот премин Блаце

На патот кон граничен премин Блаце случена е сообраќајна незгода при што ТМВ МАН изгубил контрола и истиот се превртел на коловоз при што се зафатени двете коловозни ленти, повредени нема, велат од МВР.

732

Шлепер се превртел утрово на патот Скопје – Блаце, по што сообраќајот е во прекин.

Како што информира МВР, за среќа нема повредени лица.






„На 09.03.2024 год. во 06:50 часот на магистрален пат Скопје – граничен премин Блаце случена е сообраќајна незгода при што ТМВ МАН изгубил контрола и истиот се превртел на коловоз при што се зафатени двете коловозни ленти, повредени нема. Известени се ПС за ГП Блаце и сообраќајот ќе биде во прекин во двата правци. На лице место се растовара роба од камионот од околу 25 тона пластика за пвц и присутна и служба од царина“, наведуваат од Министерството за внатрешни работи.

Поврзани содржини
na