КАМИОН УДРИЛ ВО СЕМАФОР, ЕДНО ЛИЦЕ ПОВРЕДЕНО Сторителот ќе добие фактура за направената штета
Камион со скопски регистарски таблички вчера удрил во семафор на булеварот Александар Македонски во Скопје при што едно лице е повредено.
Град Скопје соопшти дека надлежните служби веднаш излегле на терен и работат на санација на настанатата штета. Екипи биле ангажирани за отстранување на оштетената сообраќајна сигнализација и на враќање на локацијата во првобитна состојба, со цел што побрзо да се воспостави безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
– Ја информираме јавноста дека трошоците за санација и повторно поставување на сообраќајната сигнализација ќе бидат фактурирани на товар на причинителот на штетата, согласно важечките прописи – рекоа од Град Скопје.