ВО „БМВ“ КАЈ ШТИПЈАНЕЦ НАЈДЕНА МАРИХУАНА – На 05.10.2020 во 9.40 часот на Граничен премин „Табановце“ од полициски службеници бил лишен од слобода Н.Б.(25) од Штип бидејќи при контрола на патничко моторно возило „бмв“ со англиски национални ознаки, управуванo од Н.Б. била пронајдена марихуана. Лицето е предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
ПРИВЕДЕН ГОСТИВАРЕЦ ЗА МАРИХУАНА – На 05.10.2020 во 21 часот во Гостивар, полициски службеници на СВР Tетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода А.Б.(28) од Гостивар затоа што при преглед му била пронајдена марихуана и семки од „канабис сатива“. А.Б. бил задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
КАМИОН УДРИЛ ВО МОТОЦИКЛ И ИЗБЕГАЛ, ПОЛИЦИЈАТА ГО ФАТИЛА – На 05.10.2020 во 18.25 часот на магистрален пат Кичево – Македонски Брод, во непосредна близина на крстосницата за с.Србјани, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки управувано од В.С.(51) од с.Јосифово, валандовско, кое продолжило со движење и мотоцикл „холдинг“ без регистарски ознаки, управуван од Д.С.П.(37) од с.Србјани, кичевско. По преземени мерки товарното возило било пресретнато и вратено на местото на настанот,а во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Д.С.П. и била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Кичево.
ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВЕЛОСИПЕДИСТ ОД ОХРИД – На 05.10.2020 во 12.50 часот било пријавено дека кај крстосницата помеѓу улиците „Гоце Делчев“ и „Никола Петров Русински“ во Охрид се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „фолксваген поло“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(28) и велосипед, управуван од Е.С.(96), двајцата од Охрид. Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Охрид. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.
ПОВРЕДЕН МОТОЦИКЛИСТ ВО СУДАР СО ДВЕ ВОЗИЛА – На 05.10.2020 во 22.40 часот било пријавено дека на ул.„Јужноморавски Бригади“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „цитроен ц3“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К. (30) од Скопје, патничко моторно возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(20) од с.Црешево, скопско и мотоцикл „јијинг“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Н.(34) од Скопје. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.
СКОПЈАНЕЦ КАСНАТ ОД КУЧЕ – На 05.10.2020 во 15 часот во Полициската станица Центар, Џ.К.(31) од Скопје пријавил дека на бул.„Гоце Делчев“ бил каснат од куче скитник.
КУЧЕ СКИТНИК КАСНА МОМЧЕ – На 05.10.2020 во 18 часот во Полициската станица Карпош, В.Б.(24) од Скопје пријавил дека на ул.„Њуделхиска“ бил каснат од куче скитник.