КАМИОН СО ЦРВЕНИ РОЗИ Канје раскина со актерката, па се обидува да ја врати Ким (ФОТО)
Раперот прво раскина со актерката Џулија Фокс, а потоа ѝ прати подарок на Ким.
Контроверзниот рапер Канје Вест, како што пишуваат американските медиуми, ја раскинал врската со актерката Џулија Фокс, а потоа на „Денот на вљубените“ испратил камион полн со рози на адресата на неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан.
– Мојата визија е кристално чиста – пишувало на автомобилот, а истото Канје го напишал и во објавата на Инстаграм објавена вчера, на „Денот на вљубените“, која потоа ја избришал. Во таа објава тој ја означил Ким.
Ким не реагираше на неговите романтични обиди, а Џулија Фокс пред само неколку дена го прослави 32-иот роденден со Канје Вест.
View this post on Instagram
Инаку, Ким е во врска со младиот комичар Пит Дејвидсон, а во последно време старлетата и Канје си фрлаат отровни стрели преку социјалните мрежи, обвинувајќи се еден со друг.
ФОТО: Инстаграм