КАМИОН ПРОПАДНА НА ПЛОШТАД Оштетен е плочникот, Градот ќе бара отштета
Ваквото однесување од страна на поединци е недозволиво и за истото ќе се спроведат најстроги санкции, велат од Градот.
Камион без дозвола и неовластено влегол на плоштадот Македонија во Скопје и го оштетил плочникот.
Град Скопје остро го осуди овој чин и вели дека ќе ги преземе сите законски мерки за извршување на инспекциски надзор, како и за санкционирање. За причинетата штета врз јавните добра на плоштадот ќе се бара надомест на штета.
Ваквото однесување од страна на поединци е недозволиво и за истото ќе се спроведат најстроги санкции, велат од Градот.