КАМИОН ПРЕГАЗИЛ ЧОВЕК НА ПАРКИНГ ВО НЕГОТИНО Од ударот 78-годишниот неготинчанец починал на самото место
Камионот бил од скопско Глумово, а несреќата се случила на паркинг на булевар „ЈНА“ во Неготино.
Tоварно возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.З.(27) од село Глумово, општина Сарај, денеска околу пладне на паркинг простор на улица „ЈНА” во Неготино
удрило во пешакот С.Т.(78) од Неготино.
Од здобиените повреди С.Т. починал на местото.
Лекар од Итна медицинска помош Неготино констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.