КАМИОН НА СМРТТА ВО СОФИЈА Пронајдени 18 задушени мигранти, меѓу нив и дете, 34 лица се во болница
Во моментов се справуваме со ситуацијата. Колегите реагираат исклучително брзо и професионално. Медицинските установи веднаш обезбедија дополнителни екипи. На настраданите ќе им пружиме најдобра можна медицинска помош, рече министерот Меџидиев.
34 лица се хоспитализирани во медицински установи по инцидентот кај софиското село Локорско, каде во комбе беа пронајдени 18 мртви тела на мигранти, но и повредени луѓе. Меѓу починатите има и едно дете на 6 или 7-годишна возраст, јави БНТ.
– Хоспитализираните пациенти се во тешка состојба, но не се во животна опасност. Сè што е потребно пружаме, како итна помош и реанимација – вели министерот за здравство, д-р Асен Меџидиев, откако на лице место се запозна со здравствената состојба на настраданите во несреќата.
Министерот Меџидиев истакна дека веднаш по пријавата за инцидентот испратени се 6 екипи од Центарот за итна медицинска помош – Софија.
– Во моментов се справуваме со ситуацијата. Колегите реагираат исклучително брзо и професионално. Медицинските установи веднаш обезбедија дополнителни екипи. На настраданите ќе им пружиме најдобра можна медицинска помош – рече министерот.
Според првичните информации, мигрантите починале од задушување.
Според информациите на Бугарската национална телевизија (БНТ), мигрантите требало да бидат префрлени од бугарско-турската граница до бугарско-српската граница.