ГОРИ КАМИОН ВО АВТОКОМАНДА БЛИЗУ ХОТЕЛ „КОНТИНЕНТАЛ“ Црниот чад се издига над Скопје (ВИДЕО+ФОТО)
Чадот од пожарот е видлив над Скопје.
Камион се запалил кај Автокоманда попладнево, на влезот од Скопје, пишува Независен. Видео од пожарот се прошири на социјалните мрежи. Камионот гори во близина на хотелот „Континентал“. На терен интервенира Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, а сообраќајот е отежнат за излез од Скопје.
Од Противпожарната бригада повеќе детали најавуваат за подоцна.
Чадот од пожарот е видлив над Скопје.