КАМИОНЏИЈАТА КОЈ УДРИ ВО АВТОБУС БИЛ ПОД ДЕЈСТВО НА ДРОГА Нови сознанија за тешката сообраќајна несреќа кај Обреновац

Според првите информации, возачот на камионот кој е приведен бил позитивен на амфетамин.

3,313

Камионџијата кој ја предизвикал тешката сообраќајна несреќа кај Обреновац во Србија бил позитивен на дрога, дознава порталот Нова.рс. Несреќата се случила кога камионот кој се приклучил од спореден пат удрил во автобусот. Во сударот, на лице место загина возачот на автобусот, а над 20 лица се повредени.

– Според првите информации, возачот на камионот кој е приведен бил позитивен на допинг тест – вели извор на порталот Нова.рс запознаен со случајот.






Неофицијалните информации засега говорат дека камионџијата бил позитивен на амфетамин.

Како што соопшти денеска српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, возачот на камионот најпрво побегнал од местото на несреќата по судирот со автобусот. Во меѓувреме е пронајден, приведен и задржан во притвор во траење до 48 часа.

Според информациите објавени во српските медиуми, има индиции дека возачот на камионот од споредниот пат во Стублин небезбедно свртел на регионалниот пат, па удрил во предниот дел на автобусот кој се движел од правец на Стублин кон Обреновац.

ЕДЕН ЗАГИНАТ И 21 ПОВРЕДЕН ВО ТЕШКА СООБРАЌАЈКА КАЈ ОБРЕНОВАЦ Камион удрил во автобус, возачот се обидел да побегне

Поврзани содржини