КАМИОН-ЦИСТЕРНА УДРИЛ ВО КАРПИТЕ КАЈ ВЕЛЕШКА ПАТАРИНА Ударот предизвикал одрон на патот

411

Центарот за управување со кризи (ЦУК) извести дека вчера во 17.06 часот, преку телефонскиот број 112 имало пријава за одрон на патот Скопје-Велес.

„Конкретно е добиена пријава од лице кое патувало од Скопје кон Велес, дека пред патарината кај Велес камион-цистерна удрил во карпите и предизвикал одрони на пат, што претставуваат опасност. За ова веднаш е известено ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта за нивна понатамошна постапка, по што е и постапено“, извести ЦУК.

Поврзани содржини