КАМИЛА Е БОЛНА Бакингемската палата објави дека ги откажала сите настани
Британската кралица сопруга Камила е позитивна на коронавирусот, објави Бакингемската палата.
Британската кралица сопруга Камила е позитивна на коронавирусот, објави Бакингемската палата.
„Откако ги претрпе симптомите на настинка, Нејзиното Височество Кралица сопруга е позитивна на тестот за коронавирус“, се наведува во соопштението.
„Со жалење, таа ги откажа сите нејзини јавни ангажмани за оваа недела и упатува искрено извинување до оние кои требаше да присуствуваат на тие настани“, се наведува во соопштението, пренесува „Скај њуз“.
За потсетување, Камила, сопругата на кралот Чарлс Трети, требаше да го посети балетското училиште Едгбастон за да ја прослави нејзината стогодишнина, а подоцна истиот ден и библиотеката во Телфорд. Меѓутоа, во меѓувреме се разболела, но се надева дека наскоро ќе најде нов датум за одложените настани.