📷 КАМЕРОН ДИЈАЗ СЕ ВРАТИ ПО 10 ГОДИНИ, ВООПШТО НЕ СЕ ПРОМЕНИЛА Актерката има 52 години, сите ѝ завидуваат на изгледот
Актерката Камерон Дијаз присуствуваше на промоцијата на филмот „Back in Action“ во кој ја игра главната женска улога. Може да се каже дека за свечената пригода облекла чиста елеганција.
Актерката Камерон Дијаз присуствуваше на промоцијата на филмот „Back in Action“ во кој ја игра главната женска улога. Покрај неа, во филмот игра и Џејми Фокс.
Може да се каже дека за свечената пригода облекла чиста елеганција.
Како што пишува „Дејли мејл“, Камерон се вратилa на големото платно по 10-годишна пауза и тоа во голем стил.
Таа за големиот настан облече струкирано одело, а изгледот го комплетираше со брановидна фризура, минимална шминка и со нејзиниот заштитен знак – блескавата насмевка.
Ниту еден стајлинг не може без соодветни додатоци, а овој не е исклучок. Холивудската убавица паметно ги одбрала своите аксесоари, а својот златен часовник и ланче одлично го усогласила со останатиот аутфит.
Треба да се напомене дека дел од големата промоција беше и актерот Џејми Фокс. Тој исто така глуми во споменатиот филм, заедно со Камерон Дијаз.