КАМЕРИТЕ НА „СЕЈФ СИТИ“ ЌЕ ПОЧНАТ ДА СНИМААТ ОД 1 ЈАНУАРИ Системот ќе влезе во законот до крајот на годината
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека се надева дека со „Сејф сити“ во Македонија ќе видиме една поинаква сообраќајна култура.
„01.01.2026 година е термин кога ќе го имаме Сејф Сити со законска имплементација, и потоа се надевам дека ќе видиме една поинаква сообраќајна култура. На тој датум ќе ги имаме и сите влезни параметри за секое возило, односно ги собираме од 01.01.2025 до крајот на годината, и потоа почнуваме со целосна имплементација. Мораме да си го смениме односот кон сообраќајот сите ние ако сакаме да имаме помалку жртви во сообраќајот“.
Вака изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес-конференција.
Според министерот, „Сејф сити“, кој предвидува камери кои ќе детектираат сообраќајни прекршоци од секаков вид, во следните месеци ќе биде и официјално законски имплементиран, со оглед дека треба да се сменат некои закони пред да биде ставен во целосна употреба.