КАМЕРИТЕ ГО ФАТИЈА И МИНИСТЕРОТ ТОШКОВСКИ ВО ПРЕКРШОК Возел 1 километар на час над дозволеното

„Мора да покажеме личен пример и одговорност. Оваа држава ќе биде посигурна само ако законите важат подеднакво за сите, вклучувајќи нѐ и нас кои сме најодговорни за нивното спроведување“ – вели Тошковски.

768

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски сподели свое искуство на Фејсбук со нововоедениот систем за надзор на сообраќајот „Безбеден град“, кој е пуштен во тест-фаза на употреба.

„Утрово, движејќи се со своето приватно возило кон Кавадарци каде што денеска се одржува партискиот конгрес, добив СМС-порака за сторен сообраќаен прекршок констатиран од системот „Безбеден град“, бидејќи сум се движел со 1 км/ч над дозволената брзина.






Ова е најдобрата илустрација за тоа како треба да функционира државата. Системот важи и постапува еднакво кон сите и ако регистрира прекршок – санкцијата следи, без разлика кој е во возилото. Нема исклучоци, нема селективност, нема привилегирани.

Безбедното управување со возило е обврска, не привилегија. Така се гради доверба, така се гради безбедност.

Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку ред, дисциплина и спасување човечки животи. Со алармантниот број на жртви на патиштата што го имаме, мора да покажеме личен пример и одговорност. Оваа држава ќе биде посигурна само ако законите важат подеднакво за сите, вклучувајќи нѐ и нас кои сме најодговорни за нивното спроведување“ – напиша Тошковски на својот пост на Фејсбук, во кој овјави и фотографија од казната и  прекршочниот патен налог што му пристигнал.   

 

Screenshot
Поврзани содржини