КАМЕНОТ ОД БЛИСКУ ДОАЃА Роднина измамил кумановец за 11.500 евра

Лицето О.Х. од Куманово пријавило во полицијата дека бил измамен од член на неговото семејство за сума од 11.500 евра.

339

Кумановец бил измамен од член на семејството за 11.500 евра, информираше денеска полицијата.

„Лицето О.Х. од Куманово пријавило во полицијата дека бил измамен од член на неговото семејство за сума од 11.500 евра. Според пријавеното, неговиот роднина му понудил да му го продаде возилото, меѓутоа откако поминал подолг временски период, тој разбрал дека возилото било продадено, а тој не добил парични средства“, соопшти СВР Куманово.






Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини