КАМЧЕВ ИЗЛЕЗЕ ОД ПРИТВОР Апелација ја прифати гаранцијата од 11 милиони евра

Пред Нова година, Камчев беше примен на лекување во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

1,397

Бизнисменот Орце Камчев денеска излегува од притвор. Апелацискиот суд одлучил да ја уважи жалбата на неговата одбрана за случајот „Плацови на Водно“ и да прифати гаранција од речиси 11 милиони евра, дел во недвижности, дел во готовина, за тој да излезе од притвор. Судот само ќе му го задржи пасошот.

Претходно, адвокатот на Камчев, Еленко Миланов, рече дека им било соопштено оти одлуката по поднесената жалба треба да се донесе по Нова година.






На притворениот му е уважена жалбата, решението е преиначено, односно прифатена е гаранцијата и укината е мерката притвор, соопштија од Апелација.

Камчев како гаранција понудил скоро 11 милиони евра, а судот ќе му го задржи пасошот. Сега ќе треба да се завршат процедурите за запишување на хипотека, по што тој ќе се брани од слобода во случајот „Плацови на Водно“.

Камчев беше приведен на 14 март и потоа со решение на судија на претходна постапка однесен во притвор. Неговата одбрана во неколку наврати бараше укинување на мерката притвор, ама судот ги одбиваше жалбите, во кои како аргумент се посочуваше и лошата здравствена состојба на бизнисменот.

Пред Нова година, Камчев беше примен на лекување во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Поврзани содржини