КАМАТИТЕ НА КРЕДИТИТЕ ЛАНИ СЕ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 0,07 ОТСТО Благ пад на каматите е забележан кај кредитите за домаќинствата

Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,86 отсто, а за една година е зголемена за 0,12 отсто.

205

Во декември лани просечната каматна стапка на вкупните кредити  изнесува 4.44 отсто  и е повисока за 0,07 отсто споредено со истиот месец во 2021 година. Новоодобрените кредити во декмеври имаат каматна стапка од 4,83 отсто.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,86 отсто, а за една година е зголемена за 0,12 отсто. Новите депозити во декември имаат каматна стапка од 1,34 отсто што е раст од 0,64 отсто за една година.






Народна банка соопшти дека просечната каматна стапка на кредитите за домаќинствата во декември лани се намали за 0,01 отсто и изнесува 5,01 отсто. Просечната камата на депозитите кај домаќинствата во декември е зголемена за 0,09 отсто и изнесува 0,81 отсто.

Кај компаниите во декември порснаа просечните камати на кредитите за 0,57 отсто и изнесуваат 5,02 отсто, додека кај демозитите растот на просечната каматна стапка е за 0,04 отсто и изнесува 1,34 отсто.

Поврзани содржини