КАМАТА ОД 5% И ПРИХОД ОД 10% Државата ја објави втората емисија на граѓански обврзници

154

Министерството за финансии ја објави втора емисија граѓански обврзници на износ од 600 милиони денари (10 милиони евра).

Граѓаните од денеска до 6 ноември имаат можност да запишат граѓански обврзници за кои и овојпат е понудена каматна стапка од 5%. Минималниот износ кој граѓаните ќе можат да го вложат во овој иновативен финансиски инструмент e 10.000 денари. Рокот на достасување е 2 години и на имателот на обврзницата ќе му донесе вкупен принос од 10%.






Заинтерeсираните за запишување на граѓански обврзници можат да се обратат на шалтерите во комерцијалните банки каде ќе поднесат барање за учество на аукцијата, која ќе се одржи на 6 и 7 ноември 2023 година.

На првата аукција на граѓанската обврзница граѓаните пројавија два пати поголем интерес од износот кој беше објавен со Проспектот. И беа запишани граѓански обврзници во износ од 1.448.030.000 денари.

Покрај Граѓанската обврзница, како нов производ на пазарот беше воведена и зелената обврзница, за која, исто така, на првата аукција беше изразен голем интерес од страна на инвеститорите.

Министерството за финансии планира да воведе и проектна и развојна обврзница.

Поврзани содржини