КАМАЛА ХАРИС ИЗБРА ПРОБЛЕМАТИЧНО МЕСТО ЗА ПОСЛЕДНИОТ МИТИНГ Ривалката на Трамп сака да испрати јасна порака

Камала Харис редовно во своите говори го критикува својот соперник Доналд Трамп како „закана за демократијата”, особено во врска со настаните од 6 јануари 2021 година, кога неговите поддржувачи насилно влегоа во Капитолот поради лажните тврдења за „украдени избори”. Во нападот загинаа шест лица, а над 174 полицајци беа повредени.

356

Кандидатката за претседателка на САД, Камала Харис, ќе го одржи својот последен голем говор во претседателската кампања на местото Елипса во Вашингтон, каде што Доналд Трамп на 6 јануари 2021 година се обрати пред насилниот напад на неговите приврзаници на Капитолот.

Харис редовно во своите говори го критикува Трамп како „закана за демократијата”, особено во врска со настаните од 6 јануари 2021 година, кога неговите поддржувачи насилно влегоа во Капитолот поради лажните тврдења за „украдени избори”. Во нападот загинаа шест лица, а над 174 полицајци беа повредени.






Харис одлучи на ова место да го одржи својот најважен говор пред претседателските избори, сметајќи го за клучен во нејзината кампања.

 

Поврзани содржини