КАМ ги повика граѓаните да не трупаат залихи
Ако процесот на снабдување не можат краткорочно да го обезбедат оттаму велат дека ќе бидат приморани краткорочно да ги затворат маркетите со цел да ги надополнат со стока.
КАМ маркетите ги повикаа купувачите да не трупаат залихи и да пазаруваат колку за една недела бидејќи како што велат, функционираат со истите ресурси од претходно, во услови на зголемена потрошувачка поради вирусот Ковид-19.
„Апелираме да не претерувате во набавката и да се ограничите на набавка на неделни количини. Со таков начин на пазарување само се доведува во прашање рамномерното снабдување на секој од вас. Бидете солидарни и со купувачите кои ќе дојдат после вас“, стои во соопштението на маркетот на Фејсбук.
Ако процесот на снабдување не можат краткорочно да го обезбедат оттаму велат дека ќе бидат приморани краткорочно да ги затворат маркетите со цел да ги надополнат со стока.
Оттаму информираат и дека маркетите ќе работи со скратено работно време од понеделник до петок од 8 и 30 до 19 и 30 часот, во сабота од 8 и 30 до 18 часот, а во недела од 8 и 30 до 16 часот.