КАЛУШ ОРКЕСТРА НА ТУРНЕЈА НИЗ ЕВРОПА Ќе собираме пари за украинската војска
Победничкиот трофеј ќе биде ставен на аукција, а приходите ќе бидат наменети за поддршка на украинската армија, изјави фронтменот Олег Псјук. Групата дополнително на Инстаграм ќе објави каде ќе се одржи турнејата.
Калуш Оркестра, украинските победници на Евровизија 2022, изјавија дека ќе соберат пари за војската и добротворните организации на нивната земја преку турнеја низ Европа. Фронтменот Олег Псјук изјави дека бендот ќе објави на Инстаграм каде ќе се одржи турнејата. Тој додаде дека и победничкиот трофеј ќе биде ставен на аукција, а приходите ќе бидат наменети за поддршка на украинската армија, јавува Нова.
Да потсетиме, фронтменот на групата што победи, Олег Псјук, тргна директно во војна од ова музичко натпреварување.
Оркестарот Калуш победи на „Песна на Евровизија 2022“ и ова е трета победа на Украина на ова престижно натпреварување.