🎥 КАЛИОПИ ГО СЛАВИ 57. РОДЕНДЕН Дува свеќички на тортата во домашна атмосфера

Македонската поп-дива Калиопи Букле денеска го слави својот 57-ми роденден, а по тој повод објави кратко видео на својот профил на Инстаграм.

1,446

Македонската поп-дива Калиопи Букле денеска го слави својот 57-ми роденден, а по тој повод објави кратко видео на својот профил на Инстаграм.

На видеото славеничката е расположена и насмеана, ги дува свеќичките во форма на бројот 57 на роденденската торта, а којашто за неа ја подготвиле блиските пријатели.






Калиопи роденденот го слави во домашна атмосфера, а на видетото во позадина се слуша нејзината позната песна: „Rodjendan“.

„Ви благодарам за секоја прегратка без допир, драги луѓе!!!“, им порача Калиопи на своите обожаватели и следбеници.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Бројни пријатели и колеги и го честитаат роденденот на Калиопи, меѓу кои, Каролина Гочева, Елена Ристеска, Милица Тодоровиќ, Жељко Јоксимовиќ…

Инаку, Калиопи е родена на 28 декември 1966 година во Охрид.

 

Поврзани содржини