КАЛИНИНГРАД НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА ГО БЛОКИРА Путин им се закани на Европејците со сериозна воена ескалација

Доколку има реални закани од таков вид, ние ќе ги уништиме тие закани. Секој треба да го разбере тоа и да биде свесен дека ваквите акции неизбежно би довеле до ескалација каква што не е видена досега, рече рускиот претседател Владимир Путин на годишната пресконференција.

519

Русија ќе ја елиминира секоја закана за регионот Калининград доколку се појави, рече денеска рускиот претседател Владимир Путин и предупреди дека ваквите потези би можеле да доведат до конфликт од големи размери и невидена ескалација.

Путин нагласи дека безбедноста на регионот Калининград е прашање од витално значење за Русија






– Доколку има реални закани од таков вид, ние ќе ги уништиме тие закани. Секој треба да го разбере тоа и да биде свесен дека ваквите акции неизбежно би довеле до ескалација каква што не е видена досега – рече Путин на годишната пресконференција.

Тој додаде дека европските закани кон регионот Калининград, вклучително и евентуална блокада, би можело да се претвори во вооружен конфликт од големи размери и да ја подигне кризата на сосема ново ниво.

– Се надевам дека тоа нема да се случи – рече Путин како одговор на новинарско прашање за можниот одговор на Русија во случај на блокада на регионот Калининград, кој излегува на Балтичко Море и физички е одвоен од Руската Федерација.

 

Фото: Принтскрин
Поврзани содржини