📷 КАЛДРМАТА ОТИДЕ ВО ЗАБОРАВ Улицата околу Градски стадион доби нов лик

Со асфалтирањето на овој потег практично се изедначува целиот круг околу градскиот стадион со што се доби целина земајќи го фактот дека таму имаше навистина оштетена и дотраена калдрма, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

499

Вчера започна асфалтирање на улицата „Столтенбергова” пред Градскиот стадион, соопшти утрово градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, додавајќите дека улицата е опфатена во меѓуопштинската соработка со Градот Скопје и Општина Центар со што асфалтирањето го работи ЈП „Улици и патишта“.

„Со асфалтирањето на овој потег практично се изедначува целиот круг околу градскиот стадион со што се доби целина земајќи го фактот дека таму имаше навистина оштетена и дотраена калдрма. Општина Центар ќе продолжи да вложува во инвестиции во инфраструктурата со цел да се зголеми безбедноста на пешаците и возачите, но и да се нормализира одвивањето на сообраќајот“, напиша Герасимовски на Фејсбук.






Поврзани содржини