Калајџиев: Меѓународното право не познава одземање на помилување, за Стразбур тоа е играње со човечки судбини

3,799

Проблемот дома изгледаше поголем од давањето на помилувањата, акцентот беше на незаконитоста и политизираноста во давањата на помилувањата и изгледаше како спас тоа што Иванов ги повлече, меѓутоа повлекувањето е вистинскиот проблем од аспект на меѓународното право и практиката во Стразбур, изјави во емисијата „Стадион“ на Канал77 професорот по уставно право Гордан Калајџиев.

– Стразбур гледа поинаку на случајот, за него се додека не е сериозно оспорено давањето на помилувањата, Иванов е легитимен претседател и постои претпоставка дека претседател на една држава е сериозна институција која што не се зафркава со давање и земање на амнестија или помилување на луѓето. Во тоа е големата разлика – рече Калајџиев.






Проблемот од аспект на меѓународното право е токму одземањето, односно поништувањето, вели професорот Калајџиев.

– Државна сериозна институција или воопшто државата генерално не може да си игра со судбините на луѓето. Денеска им дава помилување, утре им го зема – заклучува Калајџиев.

Поврзани содржини