Какво време не очекува во првиот ден од новата година?

Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 11 степени.

401

Наутро постудено, а преку денот претежно сончево со мала до умерена облачност, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.

Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 11 степени.






Времето во наредните денови

Во сабота ќе преовладува стабилно и суво време. Претпладне со услови за слаба магла по одделни котлини, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува и во текот на ноќта кон недела ќе има врнежи од дожд. На планините на северозапад врнежи од снег. Во недела и во следните два дена ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд со променлив интензитет. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе преминуваат во снег.

Поврзани содржини