Холивудската актерка Деми Мур објави фотографија во костим за капење на Инстаграм. Таа позираше на јахта и во описот на фотографијата напиша дека скокала од радост последен пат пред да започне есента.
„Последен скок од радост пред скок во есента“, напишала Деми покрај фотографијата.
Беспотребно е да се каже дека обожавателите се воодушевени и ја опсипуваат со бројни коментари.
„Прекрасна си“, „Изгледаш одлично“, „Те обожавам, Деми“, „Многу убава жена“, се само некои од коментарите.
Деми не ја откри дестинацијата каде што ги поминува последните летни денови.
Пред малку повеќе од две недели, актерката беше во Дубровник, Хрватска, а исто така, престојуваше и на Миконос, Грција.
Сѐ на сѐ, Деми поминала фантастично лето на фантастични дестинации.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм