📷 КАКВО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ДОБИ ТОШИЌ НА ОМИЛЕНАТА ДЕСТИНАЦИЈА НА КАРЛЕУША Фудбалерот вакво нешто не можел ни да замисли
Поранешниот фудбалер видно воодушевен, глетката веднаш ја сподели на Инстаграм.
Српскиот фудбалер Душко Тошиќ априлските денови ги минува во Дубаи, една од омилените дестинации на неговата сопруга Јелена Карлеуша.
Поранешниот фудбалер завчера фотографираше дел од луксузната плажа на која се релаксираше, а вчера со своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм го сподели изненадувањето што го чекало во ресторанот што го посетил.
Душко нарачал кафе и не можел ни да сонува дека пијалакот ќе стигне во вакво издание. На пената на капучиното била нацртана негова фотографија.
Фудбалерот бил воодушевен од глетката, па дури двапати го споделил ова необично изненадување на својата инстаграм-приказна.