КАКВО Е ТОА ИЗУЧУВАЊЕ НА ИСТОРИЈАТА НИЗ РАЗЛИЧНИ ПЕРЦЕПЦИИ? Опозицијата обвинува за штетна матрица во преговорите со Бугарија
Нашиот предлог бил дека постојат различни перцепции, дека не постои една единствена вистина. Ова е штетната матрица низ која се водат преговорите со Бугарија на сметка на македонскиот национален идентитет, вели Митева од ВМРО-ДПМНЕ.
Историјата да се учи низ перцепција. Ова е еден дел од договореното за што Бугарија прогласува успех. Ова е став од страна на членови на историската комисија кој потврди дека ние сме препорачале на ученикот да му бидат претставени различните перцепции од определен настан на таа држава или за одредена личност, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.
– И нашиот предлог бил дека постојат различни перцепции, дека не постои една единствена вистина. Ова е штетната матрица низ која се водат преговорите со Бугарија на сметка на македонскиот национален идентитет. Ова е начинот на кој власта ги урива преговарачките процеси, го става македонскиот народ во подредена положба со цел да се согласи за работи кои ќе задираат во македонскиот јазик и историја. Дополнително, самиот Османи изјави дека во иднина кога ќе бидеме во позиција треба да кажеме дека имаме разбирање за сите аспекти, повторувам за сите аспекти бидејќи нашиот пристап бил дека или сè е договорено или ништо не е договорено – изјави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.