Какво друштво! Славните актерки ѝ помогнаа на Сандра Булок да го прослави роденденот во карантин ФОТО

1,212

Славните пријателки се собраа и ѝ го честитаа родендеот на Сандра Булок.

Кога велиме пријатели, мислиме на „Пријателки“! Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу заедно со Сара Полсон и Холанд Тејлор ѝ помогнаа на Сандра Булок да го прослави својот 56-ти роденден.






Иако Холивуд можеби не е најдоброто место за остварување длабоки и трајни пријателства, актерките Џенифер Анистон, Лиза Кудроу, Кортни Кукс, Сара Полсон и Сандра Булок веројатно не би се согласиле со тоа. Џенифер Анистон и Сандра Булок се пријателки речиси десет години, а Сара Полсон соработуваше со славеничката вофилмот „Птица кутија“.

Славната екипа се собрала во Лос Анџелес и ѝ наздравиле на Сандра Булок по повод нејзиниот 56-ти роденден. Убавото друштво уживало на отворено на препорачаната дистанца.

„Прославуваме за нашата девојка на препорачаната дистанца со многу љубов. Среќен роденден, Сенди, те сакаме“, гласела објавата на Џенифер Анистон на Инстаграм.

Истата објава ја поставила и Сара Полсон на својот Инстаграм. Самата Сандра Булок не е обожавателка на социјалните мрежи, па затоа нема свој профил на Инстаграм.

Birthday baby! Jennifer Aniston , Lisa Kudrow Courteney C, Sarah Paulson and Holland Taylor all gathered for Sandra Bullocks's 56th birthday on Sunday

ФОТО: Инстаграм

 

Поврзани содржини