КАКВИ ПЕЛЕНИ НОСЕШЕ КАКО БЕБЕ, ЗНАЕШ, ЈАС СЕ ДРУЖАМ САМО СО „ПАМПЕРОВЦИ“! Ова нема никогаш да го слушнеме од тригодишно дете

Кога ќе им се придружи нов пријател, децата нема да се грижат за неговата материјална состојба, неговата религија, бојата на кожата, историјата на неговото семејство, недвижниот имот што го поседува, гардеробата и чевлите што ги носи… Нема да слушнете од тригодишно дете да праша: „Кажи ми дали кога беше бебе носеше „Памперс“ или некои други пелени? Јас се дружам само со „памперовци“, да знаеш“!

141

Понекогаш најголемите лекции во животот може да се научат токму од децата. На пример, зошто децата постојано се смеаат и покрај лошите временски услови и покрај кризата во земјата и светот и покрај војните, поплавите, бедата што ги опкружува и покрај болестите и сиромаштијата? Затоа што тие ги набљудуваат ситуациите што ги опкружуваат на поинаков начин од нас возрасните.

Немаат молив? Ќе цртаат со креда! Немаат топка? Ќе ја користат кутијата! Немаат скејтборди? Ќе ги направат од гранки!






Повеќе за ова на порталот на „Мајка и дете“.

Поврзани содржини