„КАКВИ ПАЛАЧИНКИ, КАКВИ БАКРАЧИ, АСФАЛТОТ МИРИСА НАЈДОБРО“ Вучиќ се повози со машината што го гради патот Шабац-Лозница
Српскиот претседател, Александар Вучиќ, рече дека синоќа кога подготвувал храна за војниците пробал и палачинки со џем од шипка, кои имаат убав мирис, но дека ова повеќе му се допаѓало.
Српскиот претседател, Александар Вучиќ, ја продолжува посетата на Подриње со обиколка на патот Шабац-Лозница, пишува српски Блиц.
– Нема поубав мирис од асфалт, какви палачинки – рекол Вучиќ и побарал да се повози со машината што работи на изградба на патниот правец.
Тој рече дека синоќа кога подготвувал храна за војниците пробал и палачинки со џем од шипка, кои имаат убав мирис, но дека ова повеќе му се допаѓало.
При посетата, Вучиќ истакнал дека брзиот пат ќе биде отворен пред Свети Никола и изрази задоволство од досега сработеното.