ОМИКРОН-СОЈОТ СТИГНА ВО ГЕРМАНИЈА, ИТАЛИЈА, БЕЛГИЈА, БРИТАНИЈА… Се готват локдауни, карантини и црвени списоци

Тринеделниот карантин се враќа во Холандија, а за него размислува и Белгија. Додека во Англија пратениците ќе гласаат за задолжителни маски за во јавниот превоз и за во супермаркет, Швајцарија ќе одржи референдум за тоа дали ковид-потврдите ќр останат задолжителни. Израел ги затвори воздушните линии и освен карантин за своите државјани кои ќе влезат, нема воопшто да дозволи влез на странски државјани во следните две недели. 

879

Нови карантини, затворања на границите и засилени ковид-мерки воведуваат повеќе европски држави откако се покажа дека новиот омикрон-сој на коронавирусот може да биде и до трипати позаразен од обичниот, а тој веќе е регистриран во Италија, Германија, Белгија, Чешка и во Велика Британија. Земјите изработуваат црвен список на патници кои доаѓаат од јужноафриканските држави, за да ги задржат во карантин, но нема да поминат лесно ни нивните државјани.

Тринеделниот карантин се враќа во Холандија, а за него размислува и Белгија. Додека во Англија пратениците ќе гласаат за задолжителни маски за во јавниот превоз и за во супермаркет, Швајцарија ќе одржи референдум за тоа дали ковид-потврдите ќр останат задолжителни. Израел ги затвори воздушните линии и освен карантин за своите државјани кои ќе влезат, нема воопшто да дозволи влез на странски државјани во следните две недели.






Каде досега беше регистриран омикрон-сојот?

Прелиминарните докази сугерираат дека оваа варијанта има зголемен ризик од повторна инфекција и може да се шири побрзо од другите, но се чини дека не предизвикува сериозни симптоми. Новиот вид е потврден во Боцвана, Зимбабве, Кина и Израел, додека Белгија е првата европска земја која има ваков тип на вирус. Освен во Белгија, неколку случаи се пријавени и во Италија, Германија, Обединетото Кралство и во Чешка.

Германија ги потврди првите два случаи на инфекција со омикрон кај две лица во Минхен, објави баварскиот министер за здравство. Двајцата пристигнале со авион од Јужна Африка на 24 ноември.

Првиот случај на новата варијанта омикрон во Италија е регистриран кај маж кој се вратил од Мозамбик во областа Неапол, соопшти вчера Високиот здравствен институт (ISS). Регионалната болница во северна Бохемија вчера соопшти дека детектиран е случај на омикрон варијантата кај пациент позитивен на ковид-19.

Во земјите од Балканот сè уште не е откриен случај на овој нов сој на коронавирус.

Тринеделен карантин за трипати позаразен вирус во Белгија

Премиерот на Белгија најави и нов сет на мерки против коронавирусот, со цел да се спречи ширењето на четвртиот бран во таа земја. Мерките вклучуваат затворање на ноќните клубови и дискотеки на три недели, како и забрана за приватни прослави.

– Можеме да кажеме дека ова е ковид-21 наместо ковид-19, тој е трипати позаразен од оригиналниот вирус – вели за новиот сој на коронавирусот кој се појави во Африка, белгискиот премиер Александар де Крој.

Откако првиот случај на овој сој е регистриран и во Белгија, Де Крој предупреди дека новиот вид, означен како B. 1.1.529, е многу различен од оној што се појави во Вухан пред две години.

фото: pixabay.com

Сè ќе биде затворено по 17 часот во Холандија

Од денеска во Холандија на сила е делумен карантин, во услови на рекорден број случаи на заразени со коронавирус и загриженост за ширење на омикрон-сојот.

Најмалку во следните три недели, угостителските и културните институции како што се кафулињата, музеите и кината мора да затвораат во 17 часот по локално време. Властите веруваат дека мерките се клучни за заштита на болниците во земјата од преоптоварување, пренесуваат агенциите.

Според Би-би-си, Холандија нема доволно слободни места за лекување на интензивна нега, операциите се откажани, а стотици луѓе умираат од ковид секоја недела. Властите веруваат дека мерките се клучни за болниците во земјата да не се преоптоварат.

фото: твитер/принтскрин

„Црвена листа“ и задолжителни маски во Велика Британија

Британија е една од првите земји во кои се појави новиот омикрон-сој. Пратениците треба да изгласаат нови мерки со кои патници од земјите од „црвениот список“, а тоа се 10 земји од регионот на Јужна Африка кои ќе мораат да бидат во десетдневен карантин. Секој дојденец на границата ќе биде подложен на ПЦР-тестирање, а најавени се и задолжителни маски за влез во продавница или во јавен превоз, пишува Би-Би-Си.

На прес-конференцијата на Даунинг стрит во саботата, премиерот ги нарече новите мерки привремени и претпазливи – и рече дека тие ќе бидат разгледани за три недели, непосредно пред да се распуштат повеќето училишта за божиќните празници кои доаѓаат на 25 декември.

Борис Џонсон ги објави ограничувањата откако беше потврдено дека се откриени два случаи на Омикрон во Брентвуд, Есекс и Нотингем. Официјалните лица рекоа дека случаите биле поврзани и поврзани со патување во јужна Африка, каде што за прв пат била идентификувана новата варијанта.

Австралија пoтврди дека двајца патници од Јужна Африка се заразени со сојот омикрон

Австралиските власти денеска соопштија дека го потврдиле присуството на сојот омикрон на коронавирусот кај двајца патници од Јужна Африка кои пристигнале во Сиднеј, јави МИА.

„Тие пристигнаа со лет на „Катар ервејс“ преку Доха, соопшти Управата.

Уште 12 патници од Јужна Африка кои патувале со истиот авион, сега се во карантин, иако не покажале позитивен тест за ковид-19, соопшти управата. Околу 260 патници и членови на екипажот од летот, исто така, се повикани да се изолираат.

Поврзани содржини