Комисијата за заразни болести утре на состанок ќе ја анализира епидемиолошката состојба со коронавирусот, по што ќе биде одлучено дали ќе има нови мерки за време на претстојните велигденски празници.
Според министерот за здравство Венко Филипче, состојбата се стабилизира.
Можно е да се препорача отворање на терасите на угостителските објекти, но и продолжување на рестриктивните мерки за уште една недела.
Мерките за ограничување на движењето и другите рестрикции и мерки за примена на личната заштита за спречување на ширењето на ковид-19 се со важност до 27 април.