КАКВИ ЛИЧНИ КАРТИ НИ ИЗДАВА ВЛАСТА Постапкатa е неуставна, вели професорката Ана Павловска Данева ВИДЕО
Подзаконскиот акт ќе важи, но не е уставен. Блокирањето на законот од Левица со амандмани, не е заради уставното име, туку таа го блокира Законот за лични карти поради амандманот на Беса. Тоа е неуставно, недозволиво, спротивна од Европската конвенција за човекови права - рече професорката Павловска Данева.
Подзаконскиот акт со кој Владата овозможи да продолжи изработката на нови лични карти засега е важечки, но Ана Павловска Данева, професорка на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и поранешна пратеничка од СДСМ, во дневникот на „Сител“ рече дека, не е уставен.
– Во овој случај со новите лични карти, Уставот не дава правна основа за подзаконски акт. Образецот донесен во вид на подзаконски акт за издавање на овие лични карти е донесен врз основа на Законот за јазици. Правната основа е изнајдена и креативноста на службите во МВР дојде до израз – вели професорката Ана Павловска-Данева.
Според Данева легитимно е да важи во делот на тоа дека треба да се испише новото уставно име на личните документи, но не може со подзаконскиот акт да се признае барањето на коалицискиот партнер „Беса“ за етничка графа што е предвидена со одложено дејство од следната година.
– Подзаконскиот акт ќе важи, но не е уставен. Блокирањето на законот од Левица со амандмани, не е заради уставното име, туку таа го блокира законот за лични карти поради амандманот на Беса. Тоа е неуставно, недозволиво, спротивна од Европската конвенција за човекови права – рече професорката Павловска Данева.